Инвестирање, по ваша мера.
Дамјан и Владимир
Им помогнавме на 100+ луѓе од 15+ земји.
Веќе некое време сакате да почнете? Научете да инвестирате самостојно.
Онлајн или на кафе. Без обврска.
Како ви помагаме да почнете
Четири средби со нас за да се подготвите за самостојно инвестирање.
-
Прва средба
Почнуваме со бесплатна средба, онлајн или на кафе. Кажете ни што имате на ум, па ќе видиме дали услугата ви одговара.
-
Лична стратегија
Со двајцата ќе разговарате за вашите цели, колку долго планирате да вложувате и колкав ризик ви одговара. Потоа ќе ви подготвиме стратегија.
-
Отворање и уплата на сметка
На брокерската сметка ќе ги купувате и чувате вложувањата. Ве водиме низ отворањето на сметката, потврдата на идентитетот и уплатата преку банка.
Веќе имате брокерска сметка? -
Самостојно инвестирање
Ќе ви покажеме како да ја користите платформата, да поставувате налози и да ги следите вложувањата. Потоа можете да инвестирате самостојно.
Почнете да инвестирате
Лична стратегија, брокерска сметка подготвена за користење и знаење за самостојно инвестирање.
300 € вкупно за услугата
Четири средби. Првата е бесплатен разговор.
Плаќате по завршувањето, само ако сте задоволни.
Средствата за инвестирање и евентуалните банкарски и брокерски трошоци се одделни.
Пријатели сме цел живот.
Ќе работите директно со нас двајцата. Ќе одвоиме време да разбереме во каква ситуација сте, што сакате да постигнете и што ве загрижува, па ќе подготвиме инвестициска стратегија по ваша мера.
Дамјан Пановски
Имам искуство во тргување со енергија, работа со акции и управување со портфолија. Го користам тоа искуство за да им помогнам на луѓето да ги разберат пазарите и да носат информирани инвестициски одлуки.
LinkedIn
Владимир Поповски
Седум години работев во Катар, каде што советував институционални клиенти за трансакции со деловни недвижности. Со тоа искуство внесувам дополнителна перспектива во нашиот пристап кон долгорочно инвестирање.
LinkedInВаши пари. Ваша сметка. Ваши одлуки.
Брокерската сметка е на ваше име. Вие одлучувате што да купите, продадете или задржите. Ви покажуваме како да ја примените стратегијата.
Поддршка во првата година
Ако сакате, можеме да останеме во контакт додека ја применувате стратегијата.
500 € вкупно за првата година
Сите четири средби од услугата „Почнете да инвестирате“ и уште три квартални средби.
Закажете бесплатен разговорНа секои три месеци ќе разговараме за вашиот напредок и за прашањата што ќе се појават.
Што друго е вклучено?
- Поддршка преку директни пораки меѓу средбите
- Анализи на акциите во кои и самите вложуваме
- Помош при проценка на инвестициите што ги разгледувате
- Преглед на портфолиото на кварталните средби за да видиме како вложувањата се вклопуваат во вашата стратегија
Пред да одлучите
Колку пари ми се потребни за почеток?
Можете да почнете и со мал износ. Можете да вложите еднократно, да вложувате секој месец или да ги комбинирате двата начина. Најважно е да почнете со износ што се вклопува во вашиот буџет. Парите што ги вложувате се одделни од цената на услугата.
Што ако веќе имам брокерска сметка?
На бесплатната прва средба можеме заедно да ја провериме вашата брокерска сметка. Ако е подготвена за користење, можете да продолжите со уште две средби посветени на вашата инвестициска стратегија и нејзината примена. Вкупната цена за оваа опција е 200 €.
Дали средбите се онлајн или во живо?
Можеме да се сретнеме онлајн или во живо во Скопје. Ако сакате првата средба да биде на кафе, две од нашите омилени места се The Dude Specialty Coffee и Audiokultura. Препорачуваме за вашите цели да разговараме во живо, а на последната средба да се видиме онлајн за заедно да ја разгледаме вашата брокерска платформа.
Дали ми треба искуство со инвестирање?
Добредојдени сте и ако штотуку почнувате и ако веќе имате искуство. Работиме со луѓе од различни средини и почнуваме од она што веќе го знаете. Најважно е да сакате да градите богатство на долг рок.
Колку трае процесот?
Повеќето средби траат околу еден час, а одвојуваме онолку време колку што е потребно за да биде сè подготвено. Вие одлучувате колку често ќе се гледаме. Некои клиенти завршиле за една недела, а други ги распоредиле средбите во текот на неколку месеци за да ги усогласат со своите обврски.
Кој одлучува за моите инвестиции?
Брокерската сметка е ваша и вие ги носите сите инвестициски одлуки. Ние ви даваме знаење и практични насоки. Плаќате само за избраната услуга, „Почнете да инвестирате“ или поддршка во првата година. Цената на услугата е независна од вредноста на вашето портфолио и од приносот на вложувањата.
Некои клиенти со поголеми портфолија избираат да продолжат со поддршката и по првата година. Препорачуваме да продолжите само ако цената е мал дел од вредноста на вашето портфолио.
Што ако не сум задоволен од услугата?
За „Почнете да инвестирате“ плаќате по завршувањето, само ако сте задоволни. Првата средба е бесплатна и ако решите да не продолжите.
Што следува по четирите средби?
Можете самостојно да ја применувате стратегијата. Кога ќе имате прашања, можете да ни се обратите нам или на другите членови во нашата заедница на Discord. Ќе ве покануваме и на настаните што ги организираме.
Ако сакате редовно да разговараме за вашиот напредок, поддршката во првата година вклучува уште три квартални средби.
Да поразговараме.
Кажете ни што сакате да постигнете со инвестирањето, па ќе видиме дали можеме да ви помогнеме.
Закажете бесплатен разговор